06.11.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц апелираше до германските граѓани да ги заштитат Евреите од антисемитски инциденти, истакнувајќи дека тоа е прашање на морална храброст.
„Секој што ги напаѓа Евреите во Германија, нè напаѓа сите нас“, рече Шолц.
Премиерот истакна дека е обврска на државата да ги заштити еврејските институции.
„Мораме да се бориме против антисемитизмот – безусловно“, рече Шолц.
Тој изјави дека има доверба во полицијата и правосудниот систем по ова прашање.
„Нема да прифатиме антисемитизам. Имаме транспарентно јасен закон – палењето израелски знамиња е кривично дело. Прославувањето на смртта на невини луѓе е кривично дело. Извикувањето антисемитски слогани е кривично дело“, нагласи Шолц, потсетувајќи дека органите за спроведување на законот имаат обврска да ги казнат таквите прекршувања.
Подготвено од А.Ѓ.