https://commons.wikimedia.org/wiki/File:HE_Alexander_Schallenberg_%2801314087%29.jpg

30.11.2023 Скопје

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска изјави дека ОБСЕ е „на апарати за одржување во живот“.

Шаленберг рече дека ОБСЕ троши 80 отсто од своите ресурси во борба за опстанок.

Тој изјави дека членките на ОБСЕ треба да преземат повеќе обврски за да ја поддржат организацијата.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно изјави дека се уште постои можност да се спаси ОБСЕ од Западот, кој се обидува да ја искористи организацијата за свои интереси, но дека шансите за успех се многу мали.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author