lansiranje raketa kina

22.11.2023 Скопје

Јужнокорејскиот премиер Хан Док-су денеска изјави дека Сеул делумно ќе го суспендира воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018 година.

Соопштението доаѓа откако Пјонгјанг објави дека во вторникот успешно лансирал воен сателит.

Лидерот на таа земја Ким Џонг Ун го надгледувал лансирањето, воедно Пјонгјанг во иднина ќе лансира дополнителни сателити.

Тоа е прво лансирање ракета откако севернокорејскиот лидер го посети најсовремениот центар за вселенско лансирање во Русија во септември, кога рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе му помогне на Пјонгјанг да изгради сателити.

Подготвено од М.Д.

About Author