volk

02.11.2023 Скопје

Продолжуваат нападите на волци врз добитокот во Шибеничко-книнската жупанија. Последната беше во областа Јадртовац. Одгледувачите бараат помош и заштита од државата, во спротивно, велат, ќе се откажат од сточарството.

„Заклани се три телиња. Штетата е околу три илјади евра“, објаснува Илија Улиќевиќ од Јадртовац.

„Почнав да фрлам со камења по нив и да викам. Тие едноставно те гледаат во твоите очи. Тие не бегаат“, додаде тој.

„Таму, на стотина метри, закла две овци, еве, преживеа, иако сето тоа беше под тензија“, се пожали Илија.

За осум месеци од годинава во Хрватска се пријавени 1.367 напади на волци. Од тоа, 38 отсто во Шибеничко-книнската жупанија. Ловците предлагаат селективно пукање.

„Колку е поинтензивно човечкото присуство или некакво влијание, толку повеќе волкот е принуден, како и другите диви животни, да бара простор за својот живот и на крајот да се приближи до населбите“, вели Аљоша Дуплиќ, директор на Институтот за Заштита на животната средина и природата на Министерството за економија и одржлив развој на Хрватска.

Волкот е заштитен, велат сточарите, на штета на нивниот добиток.

„Во Далматинска Загора ќе останеме без добитокот. Во природата има помалку дивеч и се, а волците немаат со што друго да се хранат“, додаде Младен Сарајлиќ, сточар од Перковиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author