10.11.2023 Скопје

Во тек се градежни активности за изградба на нов плоштад во населбата Пинтија.

Од Општина Кисела Вода очекуваат кога ќе завршат градежните работи овој простор да биде место за одржување на многу манифестации во иднина.

„Едно запуштено место од минатото кое беше неубава слика, го уредуваме во простор за уживање на жителите од овој дел на општината. Новиот плоштад го уредуваме со пешачки патеки, урбана опрема и парковско зеленило, а нашите најмлади жители ќе добијат и детско катче за непречено да течат нивните игри и дружење“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кои направи увид во градежните работи на новиот плоштад.

Тој потсети дека во населбата деновиве е започнато поставување на фекална канализација, која е децениско барање на жителите, реконструирани се и улици во овој дел, со цел Пинтија да биде модерна населба каква што заслужуваат граѓаните.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *