02.11.2023 Скопје
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека агенцијата во овој момент нема да започне формален процес за да процени дали Израел извршил воени злосторства за време на конфликтот со Хамас.
Тој посочи дека директните разговори со Израел на тие теми ќе продолжат.
„Исто така, јавно ќе им кажеме дека очекуваме да ги почитуваат законите за војна во сите нивни активности, сите воени кампањи“, рече Милер.
Запрашан за цивилите убиени од Израел во неговите напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, портпаролот на Стејт департментот рече дека одделот е „длабоко тажен поради загубата на цивилни животи“, но не ги осуди нападите.
Подготвено од А.Ѓ.