03.11.2023 Скопје
Координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, на брифинг со новинарите изјави дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да го искористи своето вето за итен пакет за финансирање кој вклучува само помош за Израел, што го одвојува од помошта за Украина.
„Претседателот е подготвен да го искористи своето вето врз предлогот што вклучува само помош за Израел“, рече тој, одговарајќи на прашање за пакетот од 14 милијарди долари претставен од републиканците во Претставничкиот дом.
Предлог што се коси со предлогот од 106 милијарди долари што Белата куќа го претстави пред Конгресот, комбинирајќи финансирање за помош на Израел и Украина, за поддршка за Тајван и за зајакнување на граничната безбедност.
Подготвено од А.Ѓ.