29.11.2023 Скопје
Нискобуџетниот превозник Ryanair ги претстави плановите за започнување со операции до Сараево на крајот на март следната година со две неделни линии од Шарлроа, Гетеборг, Бергамо и Меминген, како и тринеделна ротација од лондонскиот Станстед.
Ова доаѓа откако нискобуџетната компанија беше една од трите избрани, заедно со Wizz Air и SunExpress, да оперираат субвенционирани летови од главниот град на Босна и Херцеговина. Треба да се напомене дека Ryanair не отвора база во Сараево, туку сите летови ќе се реализираат од другите бази на оваа компанија. Во наредниот период се очекува додавање на нови линии.
Ryanair во моментов не се соочува со директна конкуренција на ниту една од своите нови линии, но индиректно ќе се натпреварува со Wizz Air на линијата во Лондон, при што неговиот конкурент ќе ги одржува операциите меѓу Лондон Лутон и Сараево. Превозникот за одмор TUI работи со сезонска зимска услуга од Лондон Гетвик. Wizz Air, кој минатата година ја затвори својата база во Сараево, претходно ги опслужуваше Шарлроа, Гетеборг и Меминген од главниот град на Босна и Херцеговина. Како резултат на новите линии на Ryanair, Сараево повторно ќе биде поврзан со Италија и Белгија со директни летови, а Wizz Air ги опслужуваше двата пазари минатата година.
Ryanair влезе на пазарот во Босна и Херцеговина во 2018 година со услуги за Бањалука.
Подготвено од А.Ѓ.