ruska protivvozdushna odbrana

02.11.2023 Скопје

Руската противвоздушна одбрана, ПВО, утрово пресретна пет украински беспилотни летала над Крим и еден над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Рано утринава е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со шест дронови од типот на авиони врз објекти на територијата на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Министерството наведува дека системи за противвоздушна одбрана уништиле едно украинско беспилотно летало над Црното Море, а пет биле пресретнати над територијата на Крим.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author