https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3344993869084299&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

29.11.2023 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин нема да склучи мир во Украина додека не ги знае резултатите од претседателските избори во САД во ноември 2024 година.

Висок функционер на Стејт департментот го има изјавено ова во моментот на загриженост во Вашингтон дека потенцијалната победа на поранешниот претседател Доналд Трамп може да ја поткопа западната поддршка за Киев.

Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и моментално е фаворит за републиканската претседателска номинација, се вели дека е жесток критичар на американската помош за Украина.

На брифингот со новинарите по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО во Брисел, американски функционер изјави дека Алијансата ја потврдила својата поддршка за Украина знаејќи дека е малку веројатно дека ќе биде постигнат мировен договор следната година.

„Моите очекувања се дека Путин нема да склучи мир или разумен мир пред да ги види резултатите од нашите избори“, рече претставник на Стејт департментот кој инсистираше на анонимност.

Истражувањето на јавното мислење спроведено во САД од страна на локалните медиуми во средината на ноември покажа тесна изборна трка меѓу Трамп и актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Според таа анкета, Трамп има поддршка од 51 отсто, а Бајден 49 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author