oruzhjeee evropa

14.11.2023 Скопје

Рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт преговара со индиски компании за заедничко производство на оружје за индиските воздухопловни сили.

„Росборонекспорт соработува со јавните и приватните индиски претпријатија за да организира заедничко производство на воздухопловно оружје и да го интегрира во постојната воздушна флота на Индија“, изјави извршниот директор на Росборонекспорт, Александар Микеев.

Рособоронекспорт и приватна индиска компанија потпишаа договор за производство и набавка на преносливиот противвоздушен систем Игла-С, изјави Микеев. Според него, производството ќе се одвива во Индија.

Не беа дадени детали за тоа кои индиски компании ќе учествуваат во производството, ниту кога ќе започне потенцијалното производство.

Русија е најголемиот снабдувач на оружје во Индија. 45 отсто од индискиот одбранбен увоз во 2022 година бил од Русија, според извештајот оваа година на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ).

Микеев рече дека Рособоронекспорт и партнерите од Индија набавиле борбени авиони Су-30МКИ, тенкови, оклопни возила и гранати за индиското Министерство за одбрана.

Индија и Русија започнаа заедничко производство на автоматски пушки Калашников АК-203 на почетокот на годината.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author