https://www.flickr.com/photos/astrographer/6050809524/in/photolist-adFYS9-B6mQ-6519N-sP6wK-bjTaDa-63Riog-N4LJHA-5SmgNJ-LBm4W6-9MHmH8-83iyD2-37wSaX-A5J5L7-8TY7C-7KvoSg-77rCyB-2aVHWWu-JoSwYM-923QXp-bceF5Z-fXESV-dNFdqc-56RQx-byqLHY-4dhM74-awB8Z5-4ZunwP-4ageFT-pcXpix-48UqQB-MiDXcs-njDrDH-7z6dvQ-58u1FA-pLmcc-cTZUA-pufhN7-dknXQM-8eRZXq-psdvrg-bVNUEC-M2zEJ-dbs7oF-9utvbs-5PW5pj-7ZBf8m-35CBPj-yCadx-ay7gpE-4zXRJ

29.11.2023 Скопје

Во третиот квартал од 2023 година, во однос на вториот квартал од 2023 година, вкупниот сезонски прилагоден промет во хотелиерството и угостителството во Босна и Херцеговина забележа раст од 1,7 отсто.

Прометот во областа – Сместувачките дејности бележи намалување од 2,5 отсто во однос на вториот квартал од 2023 година, додека прометот во областа – Подготовка на храна и пијалаци и услужни дејности бележи раст од 5,5 отсто.

„Календарски прилагодениот вкупен промет во хотелиерството и угостителството во третиот квартал од 2023 година бележи раст од 15,8 отсто во однос на третиот квартал од минатата година, додека прометот во областа – Сместување е повисок за 9,4 отсто во однос на остварен промет во истиот квартал од 2022 година“, се податоците на Федералниот завод за статистика.

Прометот во областа – Активности за подготовка и послужување пијалоци во третото тримесечје од годинава е за 23,4 отсто поголем во однос на истиот квартал лани.

Податоците за прометот во хотелиерството и угостителството се од статистичкото истражување Квартални показатели во хотелиерството и угостителството, а истражувањето е спроведено врз основа на Законот за статистика во Босна и Херцеговина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author