16.11.2023 Скопје
Претседателот на Собранието на Војводина, Момо Чолаковиќ денеска го распушти војводинското собрание и распиша предвремени покраински избори за 17 декември.
Од 120 пратеници, 95 гласаа „за“ распуштање на Собранието, четворица беа против, а пет пратеници не гласаа.
Ова беше единствената точка на дневниот ред на денешната седница – Предлог за одлука за предвремено престанок на мандатот на Собранието на Војводина.
Покраинските избори ќе се одржат на 17 декември заедно со предвремените републички избори и изборите за локална самоуправа во Србија.
Подготвено од А.Ѓ.