10.11.2023 Скопје
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан му рекол на својот катарски колега шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, според иранските медиуми, дека ширењето на војната меѓу Израел и Хамас е „неизбежно“.
„Поради зголемувањето на интензитетот на војната против цивилното население во Газа, проширувањето на опсегот на војната стана неизбежно“, рече Амир-Абдолахиан во телефонскиот разговор во четвртокот.
Иран и терористичките групи што ги поддржува во Либан, Јемен, Сирија и Ирак се заканија со регионален конфликт од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
САД испратија две групи носачи на авиони и подморница на нуклеарен погон во регионот на Блискиот Исток во обид да го одвратат Техеран.
Катар, кој има блиски врски со Хамас, се обидува да посредува за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држела палестинската милитантна група во Појасот Газа.
Подготвено од А.Ѓ.