vanja gjurcheska

29.11.2023 Скопје

14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.

Потрагата влезе во третиот ден.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека потрагата по девојчето деноноќно трае и се истражуваат сите можни мотиви и причини.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи.

На својот Фејсбук профил, мајката на Вања во понеделникот напиша дека девојчето излегло од дома во 07:20 за на училиште и оттогаш и се губи секаква трага.

На улицата „Партизанска“ спроти Универзалната сала е лоциран последниот сигнал од нејзиниот телефон.

Подготвено од М.Д.

About Author