16.11.2023 Скопје
Федералното МВР соопшти дека во рамките на истрагата против Хамбуршкиот исламски центар и другите муслимански здруженија, германската полиција денеска изврши претрес на 54 имоти во седум сојузни покраини.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер (СПД) изјави дека Исламскиот центар Хамбург долго време е под надзор на Федералната канцеларија за заштита на уставот и дека е класифициран како исламистичка организација.
„На мета ја имаме исламистичката сцена“, рече Фесер.
„Особено сега, во време кога многу Евреи се чувствуваат особено загрозени, важи следново: генерално не толерираме исламистичка пропаганда или антисемитско и антиизраелско поттикнување“, додаде таа.
Според Министерството, претресите биле извршени во Хамбург, Долна Саксонија, Хесен, Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин и Северна Рајна-Вестфалија. Исламскиот центар во Хамбург е осомничен дека дејствувал против уставниот поредок и идејата за меѓународно разбирање.
Според полициското соопштение, постои и сомнеж дека Исламскиот центар ги поддржува активностите на либанската терористичка организација Хезболах, забранета во Германија.
Активностите на центарот, кој е одговорен за џамијата Имам Али во Хамбург, се насочени кон ширење на револуционерниот концепт на врвните лидери на Иран.
🔴 Bei der bundesweiten Razzia gegen mehrere Islamisten-Vereine stand das IZH in Hamburg im Fokus – eine Einrichtung, die als Propagandazentrale des Iran gilt und gerichtsfest als „extremistisch“ bezeichnet werden darf. Mehr @welt pic.twitter.com/YNtL9U0pLR
— Philipp Woldin (@PhilippWoldin) November 16, 2023
Подготвено од А.Ѓ.