22.11.2023 Скопје
Конечно е позната иднината на синџирот супермаркети Реал. Компанијата планира да продаде неколку филијали на конкурентите и да ги затвори преостанатите продавници до крајот на март 2024 година.
Реал во понеделникот објави дека 14 продавници ќе преземе Реве, три Кауфланд и една Едека.
Одобрувањето на Федералната канцеларија за картели сè уште се чека. Останатите 45 продавници се затвораат поради немање клиенти.
Синџирот на хипермаркети Mein Real започна самоуправна стечајна постапка во септември, погодувајќи повеќе од 5.000 работници во 62 продавници и неговото седиште во Менхенгладбах. Целта беше да се одржи бизнисот и да се овозможат преговори со конкурентите за евентуално преземање на локации.
Продажбата е наменета да создаде перспектива за работниците.
Сопственикот на синџирот, финансискиот инвеститор SCP, првично го продаде Реал во јуни 2022 година и го купи назад во мај 2023 година поради „критичната економска ситуација“. Во 2020 година, SCP го купи синџирот Real од трговската групација Метро со цел да го подели и продаде. Kaufland, Edeka, Globus и Rewe обезбедија голем број на најатрактивните филијали.
Компанијата со преостанатите 62 локации потоа отиде во рацете на претприемачкото семејство Тишендорф во летото 2022 година, пред да биде откупена од SCP во мај.
Бојан Лунчер, извршен директор на Real GmbH, објасни дека трансферот на 18 „Mein Real-Märkten“ обезбедува долгорочна перспектива за околу 1.500 вработени. И покрај интензивните напори, затворањето на продавниците е неизбежно поради тешката ситуација во која се наоѓа Real GmbH. Разговорите со работничкиот совет треба да овозможат усогласување на интересите и социјалниот план.
Подготвено од А.Ѓ.