06.11.2023 Скопје
Театарот „Замка“ од Загребската жупанија во саботата вечер повторно ја преполни салата во Домот на АРМ (НУ „Музеј на тетовски крај“), овој пат со комедијата „Сѐ за љубов“ која просведочи за современите проблеми кои како универзални и заеднички ги забележуваме секојдневно, без разлика од која држава ни доаѓаат личностите од театарските дело.
Театарската претстава „Сѐ за љубов“ преку актерската игра на 7-те актери долови моменти својствени за речиси секое општество: невработеност, брачна заедница, како и потрага по идеален брачен партнер – но во подоцнежните години од животот, кога и не секогаш е лесно. Оваа претставата на комичен начин ја обработи појавата на стројништво, претставувајќи ги и згодите и незгодите со кои се соочуваат стројниците.
Подготвено од А.Ѓ.