21.11.2023 Скопје
Познатата германска банка Рајфајзен Хохтаунус ги затвора филијалите низ целата земја поради сè помалата потреба на граѓаните за готовина.
Банката соопшти дека одлучила на невообичаен чекор откако забележала невообичаено ниска побарувачка за готовина во нејзините филијали. Таа, наводно, минатата година имала во просек по двајца клиенти на час.
Одлуката на банката да ги затвори сите свои филијали во Германија, сепак, нема да влијае на понудата на готовина. Преку соработка со големи трговски синџири, банката планира да им излезе во пресрет на своите клиенти кои сепак ќе можат да подигнуваат готовина, но веќе не во типична банкарска средина.
Драстичниот потег отвора уште поголемо прашање – дали ова може да биде почеток на крајот на ерата на готовина? Експертите велат дека овој пример би можеле да го следат и други банки.
Затворањето на сите филијали носи огромно финансиско олеснување. Студијата спроведена од McKinsey & Company покажува дека снабдувањето на филијалите со готовина ги чини банките околу две милијарди евра годишно – вклучувајќи ги и трошоците за околу 55.000 банкомати низ целата земја.
Промената ја одразува и промената на навиките на потрошувачите. Паметните телефони и другите дигитални начини на плаќање стануваат сè попопуларни. Побарувачката за готовина се намалува, особено кај помладите клиенти.
Рајфајзен Хохтаунус банка може да одигра важна улога бидејќи ги охрабрува другите банки да затворат традиционални филијали во корист на дигитални и пофункционални решенија.
Банката е основана во 1870 година. Седиштето се наоѓа во Бад Хомбург.
Првата фаза од новиот закон за трудова имиграција, да потсетиме, стапи на сила, а овие измени, кои се резултат на сериозен недостиг од квалификувани работници во Германија, носат придобивки за граѓаните од Западен Балкан.
Подготвено од А.Ѓ.