22.11.2023 Скопје
Утринава околу 10:30 часот во фабрика за бои и лакови во тетовското село Фалише избувнал пожар.
Од Центарот за управување со кризи препорачуваат населението што живее блиску до пожарот да не престојува на отворено и да не ги отвора прозорците од домовите затоа што од пожарот излегува црн чад и се шири силен мирис.
Во гаснењето на пожарот, покрај тетовските пожарникари, се приклучиле и нивните колеги од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека, поради алармантноста на ситуацијата, побарана била помош од гостиварските приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија.
Оттаму додаваат дека било координирано пожарот да се гасне и со хеликоптер од МВР, но поради густата магла во градот немало можност за интервенирање од воздух.
Подготвено од М.Д.