nevreme

02.11.2023 Скопје

Повеќе од милион домаќинства останаа без струја утрово во Франција, откако бурата Сиаран ја зафати западна Европа во текот на ноќта, носејќи некои од највисоките брзини на ветрот што регионот ги видел во последните децении.

Во Франција северозападниот брег го зафати силно невреме, а во четвртокот во три часот во Плугонвелин, Финистер и Бретања брзина на ветер од 193 километри на час забележа француската метеоролошка служба Météo-France.

Невремето остави 1,2 милиони домаќинства без струја во Франција, од кои 780.000 во Бретања, соопшти утрово снабдувачот со енергија Енедис.

Се прогнозира дека невремето ќе се пресели во внатрешноста во текот на денешниот ден. Вкупно 31 француски департман се ставени во „портокалова тревога“ поради опасното време.

Во одредени области долж Атлантикот се очекуваат бранови од осум до десет метри. Во Париз на сила е предупредувањето за „невреме“.

Се очекуваат масовни прекини на патувањето до петок наутро, со затворени повеќе аеродроми и железнички линии низ Франција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author