dozhd

02.11.2023 Скопје

Портокалово предупредување поради силниот ветер во текот на наредната ноќ издадено е за цела Босна и Херцеговина, а се очекуваат налети од 90 и повеќе километри на час, како и поинтензивни врнежи, придружени со грмежи.

Налети на ветер се очекуваат од вечерва околу 20 часот до утре околу 15 часот.

Врнежи се очекуваат главно во северните и источните предели на Херцеговина, како и на запад, соопшти Федералниот хидрометеоролошки завод.

Очекуваната количина на врнежи се движи меѓу 30 и 50, локално до 70 литри на метар квадратен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author