03.11.2023 Скопје
„Правиме многу сериозни напори да ја реактивираме големата идеја на Албанците за слобода, еднаквост, правда и демократија затоа што мислиме дека во овој простор каде што сме денес не постои политички субјект кој навистина се грижи за тие принципи и кој има таква програмска цел да ја бетонира слободата на Албанците. Заради тоа сме многу решителни и сме многу блиску до одлуката за формирање субјект кој ќе ја оживее таа идеја за која сметаме дека е второстепена во дејствувањето на партиите“, изјави Ибрахими.
Орхан Ибрахими, поранешен пратеник на ДПА, изјави дека со неколкумина сопартијци планираат да формираат нова политичка партија. Нивната идеја е правда, еднаквост и демократија за Албанците.
Ибрахими не кажа кога било можно да се оствари формирањето на партијата и додаде дека не е важно кој ќе застане на челната позиција.
Подготвено од М.Д.