01.11.2023 Скопје
Владата на Црна Гора донесе одлука да го одложи пописот за 30 ноември, изјави премиерот Милојко Спајиќ по седницата.
Во претходната владина уредба беше предвидено пописот да се спроведува од 1 до 15 ноември.
„Одложувањето на пописот не бара дополнителни трошоци и нема да претставува никаков проблем за финансиите на државата“, изјави Спајиќ по седницата на Владата.
Посочи дека во тој период ќе се коригираат сите недостатоци кои ќе се забележат.
„Двата недостатоци што ги забележавме се недостигот на софтвер кој многу брзо ќе почне да работи и второто додавање на членови од опозицијата во пописните комисии“, рече Спајиќ.
Тој додаде дека ќе разговара и со опозициските совети на помалку бројните народи, со невладиниот сектор и, како што наведе, со други заинтересирани страни.
Подготвено од А.Ѓ.