22.11.2023 Скопје
Пописот на населението на Косово и Метохија, кој требаше да се спроведе овој месец, повторно е одложен.
Пописот е закажан за периодот од 5 април до 17 мај следната година, соопшти денеска премиерот на приштинските привремени институции Албин Курти на владината седница во Приштина.
Пописот првично беше планиран за септември, а потоа беше одложен за ноември годинава.
Последниот попис на населението во Косово и Метохија е извршен во 2011 година, врз основа на кој се проценува дека вкупниот број на жители е околу 1,8 милиони.
Жителите на општините со српско мнозинство на северот на Косово и Метохија – Лепосавица, Зубин Поток, Звечани и северна Косовска Митровица не беа вклучени во пописот во 2011 година бидејќи го отфрлија.
Подготвено од А.Ѓ.