polska

30.11.2023 Скопје

Полското Министерство за клима и животна средина соопшти дека Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија во врска со нелегалното складирање германски отпад на нејзина територија.

„Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија против Германија за непочитување на обврските од правото на Европската унија“, се наведува во соопштението за печатот.

Според проценките на полското Министерство, во периодот од 2015 до 2018 година во Полска влегле околу 35.000 тони отпад.

Во октомври, Европската комисија го прифати мислењето на Полска за спорот со Германија во врска со наводното складирање на отпад на полска територија.

Според мислењето на ЕК, соопштено е дека Германија во рок од 30 дена не ја исполнила својата обврска да го отстрани отпадот, кој илегално бил доставен на југозапад од Полска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author