jordan sirija

09.11.2023 Скопје

Вооружено беспилотно летало ја нападнало базата Ал Харир во северен Ирак, каде што се стационирани американските сили, синоќа.

Британска агенција јавува и дека во амбасадата на САД во Багдад се огласиле сирени за воздушен напад, но засега нема информации за жртви.

Американските и меѓународните сили со седиште во Ирак и Сирија се во состојба на готовност во последните неколку недели по десетиците напади врз нивните бази откако изби војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Одговорноста за најголемиот број напади ја презеде милитантната група „Исламски отпор во Ирак“, велејќи дека тие се одговор на американската поддршка за Израел во војната против Хамас.

Се огласи и Пентагон.

Пентагон објави дека американската војска извршила воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници.

„Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Тој додаде дека нападот го извршиле два борбени авиони Ф-15.

Остин истакна дека за администрацијата во Вашингтон нема поголем приоритет од безбедноста на американскиот персонал.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author