30.11.2023 Скопје
Министерскиот состанок на ОБСЕ е најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава на кој учествуваат околу 1.000 делегати од 57 земји членки на организацијата и земји партнери.
Присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и централна Азија.
Денеска е неработен ден за државната и јавната администрација, и за основните и средните училишта на подрачјето на главниот град поради одржувањето на министерскиот состанок.
И денеска ќе бидат затворени дел од сообраќајниците низ градот по кои ќе минуваат странските делегации, а автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Подготвено од М.Д.