rafah gaza

24.11.2023 Скопје

Утрово во 06:00 часот стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас.

Во часовите пред привремениот прекин на огнот, сирените беа активирани во израелските градови кои граничат со Газа.

Во 16:00 часот ќе бидат ослободени 13 заложници во Газа, а потоа недефиниран број палестински затвореници од израелските затвори, велат катарските посредници.

Таткото на Лиор Пери, Хаим, е еден од заложниците на Хамас заглавени во Газа и нема да биде ослободен денеска. Според договорот меѓу Израел и Хамас, во следните четири дена од прекинот на огнот треба да бидат ослободени 50 жени и деца.

Пери денеска изјави дека „се уште има чувство на надеж што преовладува сега“.

„Не е важно дали татко ми ќе излезе денес, ден потоа или во договор подоцна – целиот овој процес на преговори и ослободувањето на заложниците ни дава голема надеж за иднината. Тоа ни покажува дека постои надеж дека тој наскоро ќе биде ослободен“, рече тој.

Пери вели дека е задоволен од каков било договор што израелската влада може да го постигне и е убеден дека нема да престане сега. „Ги повикуваме да продолжат со својата работа“.

Неколку моменти пред официјалниот почеток на привремениот прекин на огнот, израелската војска објави видео на социјалните мрежи во кое ги предупредува жителите на Газа дека „војната сè уште не е завршена“.

„Хуманитарната пауза е привремена“, рече Авичај Адраи, портпарол на израелските одбранбени сили, кој зборуваше на арапски.

„Северниот појас Газа е опасна воена зона и движењето кон север е забрането. За ваша безбедност, мора да останете во хуманитарната зона на југ“, им рече тој на жителите на Газа.



Подготвено од А.Ѓ.

About Author