24.11.2023 Скопје
Вработените во судската и обвинителска администрација, ФЗОМ и Народниот правобранител ќе протестираат пред Собрание. Тие бараат повисоки плати, а револтот кај административците кулминираше годинава на пролет кога за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд.
Според буџетот за идната година, тврдат дека не се предвидени средства за зголемување на нивните примања.
МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, па во периодот од 11 до 14.30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.
Од Министерството за внатрешни работи упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.
Подготвено од М.Д.