https://www.facebook.com/photo/?fbid=10155433001909850&set=a.292723172891720

02.11.2023 Скопје

„На листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат петмина државјани на Република Северна Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека во Газа има вкупно пет наши државјани и сите тие се на листата за напуштање на Газа, а покрај овие пет, на листата е и една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца, кои имаат македонско државјанство.

Утрово, пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа.

Подготвено од М.Д.

About Author