25.11.2023 Скопје
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека Белград ќе продолжи да го одржува мирот и секогаш да биде со својот народ на Косово и Метохија, додавајќи дека премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, никогаш не ќе може да ја раскине таа нераскинлива врска.
„Само Курти нека не се грижи за Србите, кои ги апси без докази, пука, тепа, малтретира, забранува гласање… Белград ќе продолжи да го одржува мирот и секогаш ќе биде со својот народ на Косово. Курти никогаш нема да може да ја раскине таа нераскинлива врска“, напиша Петковиќ на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Тој реагираше на изјавата на Курти во која ја критикуваше Србија, посочувајќи дека единствена намера и е да го нападне Косово, а не да ги штити Србите што живеат таму.
Курти ја критикуваше Србија затоа што, како што наведе, се уште ги крши членовите од основниот договор и не е заинтересирана за нормализација.
„Ако Србија беше заинтересирана за Србите, ќе гласаше за напредокот на Косово“, рече Курти.
Подготвено од А.Ѓ.