21.11.2023 Скопје

На сите ни треба повремено одмор од стресот и секојдневието. Но, што се случува кога кратка пауза на крајот ќе се претвори во мрзеливост?

Заглавуваме во маѓепсан круг на непродуктивност и демотивираност, од кој подоцна е тешко да се извлечеме. Сепак, постојат решенија за враќање на мотивацијата и енергијата кои не се комплицирани. Експертите ги препорачуваат овие 5 начини да ја победите мрзеливоста.

1. Играјте си со времето

Времето може да биде на ваша страна кога станува збор за надминување на мрзеливоста, доколку тоа го дозволите. Даниел Кастиљо, експерт за личен развој и основач на блогот за животен стил Bokei, вели дека една од најдобрите алатки што ги користи за да ја победи мрзеливоста е „правилото за три секунди“.

„Бројте до три, застанете на два. Кога го правите ова, не дозволувајте вашиот ум да преговара со себе“.

„Застанувањето на два ќе ви помогне да станете пред да размислите за акцијата што треба да ја преземете. Често најголемата пречка помеѓу вас и работните задачи е само да тргнете и да започнете. Можете исто така да се обидете да се убедите себеси „само да се посветите на петминутна задача“, вели Кетрин Вернер, лекар-асистент специјализирана за психијатрија. Таа вели дека треба да си дозволите да ја прекинете задачата после пет минути без никаква вина, но поентата е дека можеби ќе сакате да продолжите, бидејќи повеќето луѓе имаат тенденција да продолжат да работат..

2. Вклучете ја музиката

Кога чувствувате недостаток на енергија, најчесто одлучувате да легнете и да гледате филм или серија, што е грешка бидејќи на тој начин само навлегувате подлабоко во пасивното расположение. Експертот за личен развој Гензале открива дека е подобро да го исклучите екранот и да го вклучите звукот. Музиката, особено веселата музика, ни испраќа позитивни вибрации и веднаш се чувствуваме поенергични. Ако на тоа се додаде и танцувањето, мотивацијата е загарантирана. Исто така, ако сакате да се фокусирате, музиката може да ви помогне во тоа, како што е класичната музика.

3. Правете вежби за дишење

Многу луѓе користат вежби за дишење за да ја подобрат својата енергија во текот на денот. Експертите за фитнес наведуваат дека дишењето е една од најважните алатки што можете да ги користите, особено кога се чувствувате уморни. Правилното дишење, особено кога вашето тело е во состојба на возбуда и стрес, може да ја врати контролата врз вашиот ум. Чувството дека немаме способност да го контролираме животот создава вознемиреност и демотивација. Вежбите за дишење исто така можат да бидат брз и лесен начин да се надминат мислите за совршенство кои често водат до одложување. Треба да дишете полека и длабоко, од стомакот.

4. Поврзете се со други луѓе

Џоана Раџендран, инструктор по јога, ја нагласува важноста на дружењето во различни аспекти од нашите животи. Пријателите можат да ви ја зголемат мотивацијата кога ќе станете мрзеливи и ќе успорите. Како заеднички активности или одење во теретана. Ако во вашата околина имате личност која неизмерно ве почитува, гледа квалитети во вас и бара одговорност, поврзете се со неа во мрачните денови. Таа личност може да биде ваш партнер, пријател или колега. Не е важно дали работите кон исти цели, важно е само да сте посветени на нив и да се поддржувате еден со друг.

5. Пишувајте секој ден

Кога нашата глава ќе стане кошница од насобрани, хаотични мисли, почнуваме да се чувствуваме заглавени и безволни. Наместо тоа, ги запишувате вашите обврски на кратки, лепливи белешки. Ова ќе ви помогне подобро да се организирате и да го исчистите умот за да можете да размислувате јасно и чисто. Започнете со најлесната задача и брзо ќе постигнете успех. Вашата листа на задачи не мора да биде ограничена на работите што треба да ги правите, но можете да ги запишете и вашите соништа и долгорочни цели. Ова може да ви помогне да останете мотивирани, бидејќи ја зголемува веројатноста дека ќе ги постигнете.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *