pesticidi

16.11.2023 Скопје

Според новата анализа на студиите спроведени од Мелиса Пери, декан на Колеџот за јавно здравје во Ферфакс, Вирџинија, пестицидите кои се користат во домовите, градините и тревниците придонесуваат за драматичен пад на бројот на сперматозоиди кај мажите ширум светот.

„Иако веројатно има многу повеќе причини кои придонесуваат за намалување на бројот на сперматозоиди, нашата студија покажува силна поврзаност помеѓу два вообичаени инсектициди – органофосфати и N-метил карбамати – и опаѓање на концентрацијата на спермата. Едно од најкористените соединенија во светот, органофосфатите се главни компоненти на нервниот гас, хербицидите, пестицидите и инсектицидите, а се користат и за создавање пластика и растворувачи“, рече таа и нагласи дека во последните 50 години бројот на сперматозоиди е намален за 50 проценти.

Пери додава дека овие хемиски соединенија се користат во куќи и згради, како и за одржување на градини и украсни тревници. Ги има во сите продавници за стока за широка потрошувачка, така што изложеноста на органофосфати е релативно широко распространета.

И експерти од други институти и образовни институции укажуваат на проблемите што одредени хемиски соединенија ги имаат врз плодноста кај мажите.

Мажите кои биле повеќе изложени на пестициди, како оние кои работат во земјоделството, имале значително пониски концентрации на сперматозоиди од мажите со најмала изложеност на органофосфати и N-метил карбамати, покажа студијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author