14.11.2023 Скопје
Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, нема да патува со тимот на гостувањето кај Баерн Минхен во осмото коло од Евролигата.
Пантер веќе со недели има проблем со повреда на ногата, а големи се шансите да не игра ниту во петок против Армани во Арената. Се очекува капитенот на „црно-белите“ да се засили следната недела, кога регионалниот шампион гостува во Ефес во елитното натпреварување.
Покрај „панцерите“, Жељко Обрадовиќ во претстојната пресметка нема да може да смета на Балша Копривица, кој има мононуклеоза и не се знае кога би можел да се врати на терените. Сите останати играчи на Партизан се подготвени за мечот со тимот кој во досегашната сезона забележа две победи и пет порази.
Дуелот меѓу Баерн и Партизан е закажан за в среда од 20 часот и 30 минути, а Партизан има скор 3-4.
Подготвено од М.Д.