papa i moskovski patrijarh kiril

24.11.2023 Скопје

Папата Франциско го покани патријархот московски и на цела Русија, Кирил, на состанок во Обединетите Арапски Емирати кон крајот на ноември или почетокот на декември, изјави Леонид Севастјанов, претседател на Светската унија на стари верници.

„Папата го покани патријархот да му се придружи во Емиратите. Но, одлуката за тоа ќе ја донесе патријархот“, рече Севастијанов.

Папата Франциско се очекува да присуствува на Конференцијата на ОН за климатски промени во Дубаи од 1 до 3 декември, а ден порано ќе биде во Абу Даби.

Севастијанов рече дека патријархот Кирил би можел да се сретне со папата во Абу Даби или Дубаи на 30 ноември или 1 декември.

Папата Франциско и патријархот Кирил за прв пат се сретнаа на Куба во февруари 2016 година. Ова беше историски состанок бидејќи беше првпат поглаварите на Католичката и Руската православна црква да се сретнат лице в лице по расколот во 1054 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author