17.11.2023 Скопје
Ниту една раса на кучиња не е 100 проценти хипоалергично, но според американскиот Kennel Club, постојат одредени раси кои луѓето кои се алергични на кучиња можат да ги имаат.
Луѓето кои страдаат од алергии обично се алергични на протеин што кучињата го излачуваат преку нивната кожа, а кој исто така се наоѓа во нивната урина и плунка. Малите кучиња, кои помалку пролеваат, можат да бидат совршени за луѓе кои страдаат од алергии, бидејќи ослободуваат помалку алергени.
Кадравите бишони се љубопитни и интелигентни мали кучиња, кои можат да ги придобијат сите со својот шарм.
Тие се лесни за тренирање бидејќи сакаат да ги задоволуваат своите сопственици и исто така се совршени миленици за градскиот живот. Бишоните се весели, кои одлично се согласуваат со кучињата и децата.
Малтезер
Малтезерите се мали кучиња со тежина од три до четири килограми, познати по нивното долго, свилено, бело крзно.
И покрај нивната големина, тие се многу еластични и прилагодливи кучиња, кои се согласуваат со луѓе од сите возрасти. Тие знаат да бидат малку тврдоглави, поради што треба да се обучуваат.
Пудлица
Пудлиците се поделени во три групи по големина, стандардни пудлици, минијатурни пудлици и „играчки“ пудлици.
Имаат кадраво крзно кое доаѓа во различни бои. Пудлиците се многу активни кучиња, а важат и за една од најинтелигентните раси, поради што е лесно да ги научите на разни трикови.
Шнауцер
Слично на пудлиците, шнауцерите исто така доаѓаат во три различни групи, големи шнауцери, средни шнауцери и минијатурни шнауцери.
Сите три групи шнауцери се познати по својата интелигенција и пријателска природа, но средните и големите шнауцери бараат поискусни сопственици.
Овие кучиња се исклучително активни, па им треба многу вежбање за да се ослободат од вишокот енергија. Покрај тоа, тренирањето на шнауцерите треба да се започне што е можно порано, бидејќи тие се многу тврдоглави кучиња.
Јоркширски териер
Пред да станат едно од најпопуларните домашни миленици, јоркширските териери се користеле како фаќачи на стаорци.
Тие се храбри и издржливи кучиња, тешки околу три килограми и совршени за живеење во градовите.
Иако се мали, бараат трпение од сопствениците кога ги тренираат.
Подготвено од А.Ѓ.