28.11.2023 Скопје
Хрватите заштедуваат речиси двојно помалку пари од својата плата во споредба со европскиот просек, покажуваат податоците на „Евростат“ за 2022 година. Во просек заштедиле 6,4 отсто од вкупниот приход, а во Европа просекот е 12,7 отсто. Исто така, наведени се и Кипар и Португалија.
Најголеми штедачи се Германците и Холанѓаните, кои заштедиле 19,9 и 19,4 отсто од приходите.
Полјаците и Грците беа на самото дно на листата бидејќи имаа негативни стапки на штедење во 2022 година, што значи дека просечните трошоци на домаќинствата во тие земји беа повисоки од просечните приходи.
Полските домаќинства потрошиле 0,8 отсто повеќе отколку што заработиле, додека Грците дури четири отсто повеќе.
Подготвено од А.Ѓ.