nelegalna kineska laboratorija

08.11.2023 Скопје

Анализата на шишиња со безалкохолни пијалоци, запленети во Риека во 16 случаи, открила неправилности, неофицијално дознаваат хрватските медиуми.

Истрагата ја спроведе Хрватскиот завод за јавно здравје.

За потсетување, хрватскиот министер за здравство Вили Берош утрово соопшти дека од вчера во КБЦ Загреб има уште четворица пациенти, еден е во болницата Виноград и еден во Вараждин и дека треба да се утврди дали сите се поврзани со потрошувачката на различни пијалоци.

„Тие не го пиеја истиот пијалок. Некои консумирале солени стапчиња. Треба да поврземе се и да не ја плашиме јавноста. Кога ќе се воспостави одредена врска, јавноста ќе биде информирана, а дотогаш има препорака да се пие вода“, изјави Берош за последните случаи денеска.

Во саботата во КБЦ Риека било примено едно лице со повреди на хранопроводникот, а нови случаи биле пријавени вчера попладне и во текот на вечерта. Како што објави 24сата, младиот човек (19) испил голтка минерална вода и почнал да повраќа крв. Полицијата синоќа била кај Ребро, но и кај ПМФ каде ученик наводно испил сомнителен пијалок од автомат. Институциите се на нозе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author