08.11.2023 Скопје
Научниците за прв пат забележаа „вампирски вирус“, тип на вирус кој се прицврстува на други вируси со цел да се реплицира.
Истражувачите со децении знаат, теоретски, дека некои вируси се поврзуваат со други вируси за да се репродуцираат, за разлика од повеќето вируси кои се реплицираат себеси.
Сега е откриено дека сојот на бактериофаг, вид на вирус кој ги инфицира бактериите, се закачи на „вратот“ на вирусот што се пренесува преку почвата – местото каде што капсидата се спојува со опашката на вирусот.
Сепак, истражувањето предводено од Универзитетот во Мериленд во Балтимор открива дека овие MGE се однесуваат како вистински „паразити“, како „вампири“. За време на инфекцијата на популација на бактериски клетки, овој тим на научници забележал дека сателитските нуклеински киселини буквално се прилепуваат за вратот на нивните вируси „помошници“.
Овој феномен не бил познат претходно, а истражувачите биле изненадени од откритието.
„Никој никогаш не видел бактериофаг – или кој било друг вирус – да се залепи на друг вирус“, рече биологот Тагиде де Краваљо, главен автор на студијата.
Овој тим откри необичен феномен во група сателитски бактериофаги кои го напаѓаат бактерискиот вид Streptomyces. За разлика од некои други сателитски бактериофаги, тие се способни да создадат своја „опрема“. Меѓутоа, бидејќи им недостигаат специфични алатки за да ги пробијат клеточните ѕидови и мембрани, тие мора да зависат од нивните вируси „помошници“ за таа цел.
Подготвено од М.Д.