insekt

23.11.2023 Скопје

На градска фарма во англискиот град Бат се откриени 1.250 нови видови инсекти, кои се населиле во северната област како последица на екстремните температури.

Волонтери и истражувачи изразија загриженост за појавата на 30 видови во Бат во текот на летото, додека претходно тие беа присутни само во зима.

Екологот Мајк Вилијамс истакна дека инсектите се јасен показател за неговите колеги за тоа како климатските промени влијаат на фауната во регионот и додаде дека реакциите на пајаците на временските услови се класичен пример за промени поради нивниот краток животен век и мобилност.

„Во текот на 1990-тите имавме можност да видиме пајакови оси на јужниот брег на Англија, во Дорсет“, заклучи Вилијамс.

Тој додаде дека промените во фауната на северот на земјата го фасцинираат и натажуваат и дека штурците што сега се слушаат од природата и фармите го потсетуваат да го слуша звукот на климатските промени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author