osamenost

18.11.2023 Скопје

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 пури дневно.

„Осаменоста ги надминува границите и станува глобален јавно здравствен проблем кој влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава ниту возраст ниту граници“, изјави претставникот на Африканската унија во СЗО, Кидо Мпемба.

Американскиот хирург Вивек Марти истакнува дека здравствените последици од осаменоста се исто толку лоши како пушењето 15 пури дневно, како и дека се посериозни од оние поврзани со дебелината и физичката неактивност.

Иако осаменоста често се доживува како проблем на населението во развиените земји, Марти вели дека секој четврти постар човек е осамен во сите региони во светот.

Кај постарите возрасни лица, осаменоста е поврзана со 50 отсто зголемен ризик од развој на деменција и 30 отсто зголемен ризик од мозочен удар.

Осаменоста влијае и на животот на младите – меѓу пет и 15 проценти од адолесцентите се осамени (12,7 проценти во Африка и 5,3 проценти во Европа).

Податоците ги објави меѓународната комисија на Светската здравствена организација, на чело со Марти и Мпемба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author