trim pateka ilinden

01.11.2023 Скопје

Во Илинден е изградена и уредена трим-патека, која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци.

Оваа трим-патека е во должина од 5 километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам.

Поставени се две информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим-патеката е обележана со патокази по целата нејзина должина, на неколку локации поставени се летниковци со клупи за одмор, како и канти за отпадоци.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Советот, Верче Мицевска, и директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, ја посетија трим-патеката и истакнаа дека со изградбата се овозможува поголема искористениот на туристичкиот потенцијал, кој го поседува Ајватовци, и од големо значење е за оние граѓани што имаат спортски и авантуристички дух.

„Проектот за изградба на трим-патеката е предвиден и во стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите. Општина Илинден упатува апел до сите посетители на оваа рекреативна локација да бидат внимателни, да се грижат за поставените реквизити, со цел да ги користат повеќе генерации“, велат од Општината.

Подготвено од М.Д.

About Author