aerodrom

20.11.2023 Скопје

Во Општина Аеродром промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија.

Општина Аеродром стана првата општина во Македонија во која беше промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија, а ќе биде достапен за користење на сите граѓани.

Станува збор за проект кој се реализира во рамките на проектот на Центарот за климатски промени, „Патоказ до вашата еко-паметна општина“, финансиран од амбасадата на САД, а кој е насочен кон поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

Полначот е поставен во дворот на основното училиште „Александар Македонски“, а бидејќи е прв од ваков вид кој се поставува во Македонија, тој ќе биде во фаза на тестирање до 1 декември, по што сите граѓани ќе можат бесплатно да го користат. Со полначите, граѓаните ќе имаат можност бесплатно да користат чиста и зелена енергија, а со тоа директно да придонесат кон намалување на емисиите на загадувачки супстанци.

Општина Аеродром е посветена на процесот на обезбедување здрава и чиста животна средина. Покрај денешната активност, општината постави фотоволтаици за сите основни училишта и градинки, активно работи на поставување енергетски ефикасни фасади на повеќе детски градинки и училишта, како и на доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети.

Подготвено од М.Д.

About Author