23.11.2023 Скопје
Израелскиот министер за војна и член на кабинетот Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.
„Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат“, рече Ганц на прес-конференција. Тој рече дека ниту еден напад врз суверенитетот на Израел нема да остане без одговор.
„Ние сме долготрпелив народ и ние сме трпеливи. Израелците успеаја да изградат држава и армија откако го преживеаја Холокаустот и не размислуваме „во денови, туку во вечноста“, рече Ганц.
Подготвено од А.Ѓ.