28.11.2023 Скопје
Во ОВР Гостивар на 26.11.2023 околу 23:00 часот било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на село Чегране, гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.
Откако заминале, обезбедувањето излегло и забележало дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.
Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.
Подготвено од М.Д.