https://www.flickr.com/photos/163353197@N08/51821771141/in/photolist-2mXj87M-WhjkBN-sqLZLr-2iCzgog-2ky2kjJ-5FsJU2-7aAF53-2awPWrX-CMfoTD-7JFqZG-2hoAh5V-8suJwx-4bPY4u-nmZGQV-UasuDe-2h96Dw9-5QY3XU-PpeAud-6KozoU-HDfAg9-bMZyJK-2gLtsHt-ayUFvV-2gWBGCX-oeJX8E-LbvCbm-2n9mFXp-Tguc88-2h2yydw-6fQuG-2m2FVQp-WH8cmP-E29zZf-2hpHBLj-4t1mFu-2bedAEA-TxujVJ-6cG5Nk-KnKqNf-2kvcovm-4ej3Rz-4HGJv-2kKdNGq-aBKa33-SXKJsY-2h2yywY-4Az1mw-zugZDP-9qrg2k-2baPkGz

01.11.2023 Скопје

Директорот на Канцеларијата на комесарот за човекови права на ОН, Крег Мохибер, поднесе оставка од таа функција во знак на протест поради тоа што ОН „не успеаја да го запрат геноцидот во Газа“.

Во писмото во кое ја објаснува причината за неговата оставка, тој изјавил дека Газа е „училишен пример за геноцид“ и додал дека живеел во Газа работејќи на зајакнување на човековите права во 1990-тите.

Тој ги обвини САД, Велика Британија и другите европски земји дека „обезбедуваат дипломатско и политичко покритие за прикривање на злосторствата на Израел“.

Тој го упати писмото до комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author