rabota vo germanija

16.11.2023 Скопје

Германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски гарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час.

Првиот дел од зголемувањето, на 12,41 евра, стапува на сила во јануари, а вториот на почетокот на 2025 година.

Очекувано, министерот за труд Хубертус Хајл го потпиша указот за минимална плата според јунскиот предлог на мешовитата комисија на работодавачи и работници за минимална плата.

Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Лабуристичките претставници во комисијата го одбија предлогот и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани.

Дури и некои политичари од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералната ФДП не се задоволни од покачувањето.

Заменик-шефот на пратеничката група на Зелените, Андреас Одретс изјави дека зголемувањето „не е ништо повеќе од лоша шега“ и рече дека луѓето кои работат напорно заслужуваат повеќе.

Тој ја критикуваше Комисијата затоа што најпрвин најавила едногласна спогодба, а потоа отстапила од него.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author