03.11.2023 Скопје
Aeroporti di Puglia објавува дека од 3 јуни 2024 година, авиокомпанијата Smartwings ќе започне со редовни авионски линии меѓу Прага и Бриндизи, во Италија.
Линијата, која претставува апсолутна новина за аеродромот во Саленто, ќе биде оперативна двапати неделно, во понеделник и четврток, како што се наведува во белешката.
„Најавата за нова авионска линија меѓу Бриндизи и Прага не треба да изненадува“, изјави претседателот на Аеропорти ди Пуља, Антонио Марија Василе.
„Нашите трговски линии за развој се фокусирани на брзорастечките туристички пазари или, во секој случај, со голем потенцијал. Чешкиот пазар, кој ги одразува овие особености, во последниве години се покажува како меѓу најдинамичните за туристичката индустрија во Апулија. Затоа, благодарение на овој нов лет, меѓународната понуда на аеродромот во Бриндизи ја квалификуваме како стратешки терминал за поддршка на растечката туристичка понуда на Саленто, сега целосно меѓу врвните дестинации на меѓународниот туризам“, додаде Василе.
Летот QS1024 ќе тргне од аеродромот Вацлав Хавел во Прага во 19:20 часот и ќе пристигне во Бриндизи во 21:35 часот по локално време. Повратниот лет, QS1025, од Бриндизи за Прага ќе поаѓа во 22:20 часот по локално време и ќе пристигне на аеродромот Вацлав Хавел во Прага во 00:35 часот.
„Многу сме среќни што можеме да им понудиме на нашите клиенти нова директна рута помеѓу Бриндизи и Прага која го поврзува Саленто, прекрасна туристичка дестинација и главниот град на Чешката Република е еден од најубавите градови во светот“, рече Петер Сујан, директор за продажба на Smartwings.
Рутата ќе ја оперира авион Боинг 737 со капацитет од 189 седишта.
Подготвено од А.Ѓ.