Image by pvproductions on Freepik

29.11.2023 Скопје

Регулаторната агенција за енергетика соопшти дека од први јануари следната година струјата во Црна Гора поскапува за 5,63 отсто.

Претседателот на Управниот одбор на Агенцијата, Бранислав Прелевиќ изјави дека сметката за корисниците со просечна потрошувачка на електрична енергија во наредната година ќе биде зголемена за едно евро и 51 цент.

Тој посочи дека и покрај поскапувањето, сметката за потрошената струја може да остане иста доколку граѓаните се рационални во потрошувачката по повисоки и пониски тарифи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author